Фото: Горан Анастасовски

Скопје денеска е обвиено во магла и во смог, што се забележува гледано од Водно, преку фотографиите на нашиот колега Горан Анастасовски.

Скопје утрово се најде на 10-то место по загаденост во светот, според податоците на специјализираната интернет-страница, „Игаир“.

Индексот на загаденост изнесуваше 161, а најзастапени се ПМ 2,5 и ПМ 10-честичките.