– На 08.05.2023 во 18.20 часот во Полициската станица Кисела Вода, во присуство на родител, бил извршен службен разговор со малолетник – ученик во средно училиште на подрачје на Кисела Вода по претходна пријава од помошник директорка на училиштето дека при преглед од обезбедувањето кај него бил пронајден нож. Ножот бил одземен и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок – соопштуваат од МВР.
– Денеска (09.05.2023) полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар, во присуство на родител и стручен тим од средното училиште во кое учи, извршиле службен разговор со 15-годишен ученик од скопско затоа што при спроведена акциска контрола во која бил извршен преглед на ученици во повеќе училници, кај него бил пронајден електрошок. Предметот бил одземен и ќе следува соодветен поднесок – соопштуваат од МВР.
Според информациите, тие биле забележани при контрола од страна на обезбедувањето во училиштата.