Лизгалиштето во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ се отвора утре. Посетителите ќе може да уживаат во рекреативно, уметничко лизгање и хокеј.

Игралиштето располага со најдобри услови досега и најдобро подготвен мраз по светски стандарди. Годинава ќе има двајца професионални тренери, ќе има и повеќе термини за рекреација.

За викенди граѓаните ќе можат целодневно да уживаат во рекреативното лизгање.