Сообраќајот од 10 часот во централното подрачје на Скопје ќе биде пренасочен заради поставување бина пред Собранието на Република Македонија, а по повод одржување на протест организиран од група граѓани „Млади за Македонија“.

Според Министерството за внатрешни работи, Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе изврши пренасочување на сообраќајот на следните улици и тоа: крстосница Даме Груев – Васил Главинов во правец кон „Црвен крст“ и обратно од крстосница „11 Октомври – Кочо Рацин“.

Воедно, МВР апелира до граѓаните да се воздражат од насилни акти за време на протетсите.

– МВР го почитува правото на слободно и јавно изразување на мислата, но истовремено апелира граѓаните да се воздржат од преземање на насилни активности за да се сочува јавниот ред и мир, стои во соопштението.