Јавното претпријатие „Водовод и канализација“-Скопје континуирано работи на одржување, подобрување и обнова на водоводната и канализациската мрежа во Скопје, за задоволување на потребите на корисниците.
Жителите на високата зона во Сопиште ќе добијат подобрен водоводен притисок, со изведба на нова водоводна линија, односно довод со дијаметар на цевка од 100 мм.
– Имајќи ги предвид барањата и потребите на граѓаните, екипи на ЈП „Водовод и канализација“-Скопје, во текот на оваа недела работеа на изведба на нов дополнителен довод, со дијаметар на цевка од 100 мм. Активностите се изведуваа на ул. 1 на крстосницата Ракотинци кон Соње, во селото Сопиште. Со изведбата на новата водоводна линија се создадоа услови за подобрување на квалитетот на водоснабдувањето и довод на поголемо количество вода за корисниците во овој дел – посочи Душко Весковски, генерален директор на „Водовод и канализација“.