Во општина Бутел денеска почна реализацијата на проектот за чистење на речното корито и уредување на кејот на реката Серава.

Предвидено е проектот да се одвива во неколку фази бидејќи течението на реката е долж целата општина. Токму затоа, чистењето на речното корито ќе трае до пролет, кога се планира да отпочне уредувањето на кејот, односно изградбата на пешачката и трим-патеката со поставување на урбана опрема и хортикултурно уредување.

Носечкиот проектот од програмата на градоначалникот Дарко Костовски, е помогнат од страна на повеќе општествено одговорни фирми, а за таа цел ќе бидат предвидени и средства во буџетот за 2022 година, кој веќе се изработува.