Со садење дрвја, општината Шуто Oризари се вброи во редот на општините што се залагаат да го зголемат зеленилото на својата територија и на тој начин да придонесат за почист воздух. Во акцијата што се реализира во паркот на оваа скопска општина беа засадени 20 висококвалитетни дрвја, од типот златно-зелени садници, комбинација на јавор и туја.

– Спроведената акција е одговор на потребата од озеленување на повеќе јавни површини за заштита на животната средина и намалување на загадениот воздух -информираат општинските власти.
Тие исто така појаснуваат дека во рамките на своите надлежности континуирано ќе поддржуваат, учествуваат и ќе спроведува екоакции за почист воздух, особено во овој период од годината.