Корисниците од објектите на Музеј Матка, Ресторан Кањон Матка и црква „Свети Андреј“ на локалитетот Матка во Општина Сарај утре ќе бидат без струја од 8.30 до 15 часот, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи по известување добиено од ЕВН Македонија.

Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, без електрична енергија во истиот период од денот ќе останат и корисниците од дел од ул. „Аминта Трети“, броевите од 70 нагоре, поточно објектите во околината на крстосницата со бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ (Клуб на пратеници, Гостилница „Ка“, Холандска амбасада и други во Општина Центар.

Од 8.30 до 14.30 часот струја ќе немаат и корисниците од дел од ул. „Македонија“ (зграда палата Македонија во Општина Центар), а од 9 до 13 часот – корисниците од дел од улицат „12“ во село Бардовци во Општина Карпош.