Од градот Скопје информираат дека поради временските услови се одложува асфалтирањето на дел од булеварот Партизански одреди. Од градот Скопје велат дека градежните активности ќе продолжат на дел од мостот Обединети нации до улицата Московска, во правец на движење од Ѓорче Петров кон Центар, веднаш штом ќе се создадат соодветни временски услови за непречена работа.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да се придржуваат до привремениот режим на сообраќај. Истовремено, ги замолуваат сите учесници во сообраќајот за трпение и разбирање поради можното отежнато одвивање на сообраќајот во овој дел на градот.