Во дворот на студентскиот дом „Гоце Делчев”, ЈП „Комунална хигиена – Скопје” денеска започна акција за расчистувањето на големото количество градежен отпад.

Почетокот на оваа акција го означија градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев, помошник-директорот за оперативно-технички работи Етула Амети и директорот на студентскиот дом Дарио Николовски.

Градоначалникот Богоев изрази благодарност до екипите на „ЈП „Комунална хигиена“-Скопје за интервенцијата и истакна дека за одржување на нивото на хигиената на јавните површини во општината е потребен зголемен инспекциски надзор и контрола.

За расчистување на отпадот се ангажирани десет работници, а од механизација се користи за втоварувач, кипер и специјално комунално возило- патарка.