Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 14 јуни (понеделник) ќе се реализира третата фаза од авионската и терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови.
Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.