Министерката за надворешни работи на Германија утре ќе престојува во посета на Македонија.
Бербок во Скопје ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, со шефот на дипломатијата Бујар Османи, како и со други претставници на Владата, опозицијата и Парламентот.
Германското Министерство за надворешни работи соопшти дека главниот фокус во разговорите ќе биде на пристапувањето на земјата во ЕУ, а особено потребата за уставни измени како неопходен чекор кон Унијата.
По посетата на Скопје, Аналена Бербок во петок ќе отпатува во Грузија.