Денеска во средното училиште „Браќа Миладиновци“, беа врачени награди и дипломи за победниците на ликовно-литературниот конкурс „Водата ве води во средно“. Со тоа беше одбележан 22 март, Светскиот ден на водата.
На настанот присуствуваа министерот за образование и наука Јетон Шаќири, заменик – градоначалникот на Град Скопје Александар Трајановски, градоначалникот на Oпштина Студеничани Азем Садики, победниците од конкурсот, нивните наставници и директори на основните училишта, како и многу ученици од Скопје, но и од другите градови од Македонија.
Пристигнаа над сто цртежи и над четириесет литературни дела од цела Македонија.
Сите тие го потенцираа значењето на водата и нашата (не)грижа кон неа.
Или, како што беше напишано во еден од расказите, водата и образованието го имаат истото универзално значење: нема опстанок на планетата земја без вода и образование.