Фото: МИА

На единствениот повикувачки број 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) денеска доцна попладне е добиена пријава за четири лица, меѓу кои и едно малолетно седумгодишно дете, кои планинарејќи од село Кожле кон Велес („месност „Манастирски Мост“) го згрешиле патот и залутале на стрмно место што претставувало опасност за понатамоашно нивно движење.

Од ЦУК информираат дека Регионалниот ЦУК Велес веднаш комуникациски координирал за пронаоѓање со СВР Велес, ДЗС – Велес и Општина (ЕЛС) Велес и дека тричлен тим од ДЗС тргнал на лице место за да ги извлече залутаните лица со детето од опасниот стрм предел.