Илустрација / Фото: Архива

Неколку лица се повредени кога автобус што сообраќал на патот Струмица – Валандово се превртел на коловозот.

Имено, утрово, околу 6.20 часот, во Полициската станица Струмица било пријавено дека на регионален пат Струмица – Валандово, Ф. А. (42) од Струмица, управувајќи автобус со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и се превртел на коловозот.

Во несреќата повреди добиле неколку лица, кои биле пренесени во Медицинскиот центар во Струмица за укажување лекарска помош, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.