Фото: З. А.

По седни пат годинава на „Илинденскиот марш 2022“ ќе земе учество и самостојната Кичевска коњаница, „Пресвета Богородица Пречиста“.
Коњаницата своето патешествие ќе го започне од манастирот чие име го носи а учесниците на овој марш на 2 август, Илинден, ќе продефилираат на прославата на овој голем македонски празник.

Фото: З.А.

– Како и претходните 6 години така и годинава по седми пат на „Илинденскиот марш 2022“ ќе учествува и самостојната Кичевска коњаница „Пресвета Богородица Пречиста“. Коњаницата својот пат ќе го започне од манастирот чие име го носи, кога пред нејзиното тргнување на пат долг околу 200 километри ќе биде отслужена „Света Божествена Литургија“ по што учесниците во оваа коњаница ќе положат заклетва и ќе го изберат војводата кој ќе биде нивен предводник до пристигнувањето во Крушево.
Во текот на истиот ден, 27 јули, Кичевската коњаница попатно во Кичево ќе се спои со Мавровско-Горнореканската коњаница и двете коњаници заедно ќе го изодат преостанатиот дел од патот. Попатно коњаницата ќе има четири ноќевања а првото ќе биде во родното село на Јордан Пиперката, Козица, потоа во манастирот „Свети Илија“ на падините на Илинска планина, третото ноќевање коњаницата ќе го има во манастирот „Свети Петар и Павле“ во село Смилево,а последното ноќевање пред пристигнувањето во Крушево ќе биде во село Журче – информира Станоја Станојоски предводник на Кичевската коњаница и еден од зачетниците за нејзиното формирање.

Коњаницата стана многу популарна во овој регион и во текот на целиот пат и ќе биде поздравена од повеќе илјади месни жители.

З.А.