Фото: З.А.

ОВР-Кичево поднесе кривична пријава против В.Ј.( 58) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на лични податоци.

-Пријавената во својство на судски извршител на 9 и 10 април оваа година во весник кој излегува во земјава, без негова согласност објавила лични податоци на лицето М.М. од Кичево и истите ги направила достапни за сите граѓани. Објавата се однесувала за предмет кој немал извршен наслов, со што спротивно на условите утврдени со закон, му нанесла штета и му го нарушила личниот афторитет и приватност – информира портпаролот на СВР-Охрид Стефан Димоски.

З.А.