Фото: З.А.

Почитувачите на Илинденската епопеја од село Белица утринава положија свежо цвеќе на спомен-плочата подигната во чест на војводата Лазор Груески кај чешмата Китаноска, а потоа се упатија во село Пуста Река за да го посетат неговиот гроб, каде војводата е погребан со негови 12 комити.

– Традиционално секоја година почитувачите на Илинденската епопеја од нашето село и на војводата Лазор Груески, денеска положија свежо цвеќе на спомен плочата поставена на чешмата Китаноска, во чест на опеаниот војвода. Потоа присутните на ова чевствување се упатија кон село Пуста Река за да му оддадат посебна почит на војводата, кој со 12 негови комити е погребан во ова село. Поменот за војводата белички никогаш нема да исчезне од меморијата на неговите соселани беличани – истакна Раде Момироски, еден од почитувачите на Илинденската епопеја. З.А.