Фото: З.А.

Со изградбата и на вториот крак од фекалната канализација од село Пласница до пречистителната станица крај река Треска во должина од 1.300 метри, таа ќе биде ставена во употреба, а испуштањето во реката на непречистените фекални води ќе биде минато, потврди градоначалникот на оваа општина Алија Јаоски.

-Со средства во износ од околу 350.000 илјади евра обезбедени од Министерството за животна средина и просторно планирање и од Европската банка за обнова и развој, село Пласица до крајот на летото ќе добие пречистителна станица за отпадни фекални води. Откако првиот крак од фекалната канализација во должина од 1.700 метри е завршен претходно, во наредните три месеци се очекува да биде изграден и вториот крак преку кој фекалните води ќе се насочуваат во пречистителната станица од каде со 99 проценти чистота водите ќе се насочуваат во реката. Со комплетирањето на овој проект повеќе нема фекалните води непрочистени да се упатуваат во реката – истакна градоначалникот.

Најави дека вакви пречистителни станици со помал капацитет ќе бидат изградени и во останатите села во општината. З.А.