Денеска во амфитеатарот на Славјанскиот универзитет во Битола беше врачена наградата за новинарство на Битолски весник која го носи името на покојниот новинар
на Радио Скопје и дописник од Битола, Тоде Петревски.
Добитничка на наградата е новинарката од Битола, Маја Богоевска, која 20 години е присутна на медиумскиот простор во Битола и Македонија. Работела во ТВ Тера, ТВ Сител, Канал 77.
Врачувајќи и го признанието директорот на Битолски весник, Менде Младеновски истакна дека Тоде Петревски, кој до пензионрањето работеше како дописник на Радио
Скопје од Битола беше синонимим за професионалност и храброст во новинарството.
-Такви новинари професионалци денес ги има многу малку во Битола. Новинарството стана професија која веќе не е атрактивна за младите и која најголемиот број новинари од Битола ја напуштија. Иако локалните власти во голема мера придонесоа вакви да се состојбите во битолските медиуми, каде во изминатиот период згаснаа три локални телевизии, две радија и неколку весници, сепак најголема вина за ваквите состојби во медиумите во Битола сносат самите новинари, бидејќи добар дел од нив станаа измеќари на пчитичарите и властите за ситни интереси, рече во своето обраќање Менде Младеновски.
Добитничката на наградата, Маја Богоевска, која 20 години работи во новинарската професија, истакна дека иако лично не го познавала Тоде Петревски, сепак од новинарите во Битола слушала многу добри работи за него како храбар и професионален новинар, кој постојано се борел за вистината.
-Јас ќе настојувам да го следам неговиот пат и како новинарка секогаш ќе се борам против сите оние неписмени новинари кои го киднапираа новинарството социјалните мрежи – вели Богоевска.
Во името на семејството на Тоде Петревски на доделувањето на наградата се заблагодари ќерката на покојниот новинар Тоде Петревски, Даниела Петревска. Таа искажа благодарност што Битолски весник цели 19 години по неговата смрт ја доделува оваа награда, која го носи името на нејзиниот татко.