Наскоро во Новаци ќе почне изградбата на една од најголемите фотонапонски цетрали од 50 мегавати. Неа ќе ја гради Фирмата ДТПУ „Меј Груп“ ДОО Експорт импорт Скопје. Инвестицијата ќе биде реализирана во катастарските општини Билјаник и Рибарци и ќе зафаќа површина од 57 хектари покриена, со фотонапонски панели за производство на електрична енергија од обновливи извори.
– Денес остварив средба со претставници од оваа компанија и сопствениците на земјиштето каде ќе поминува високонапонскиот далновод. На средбата се разговараше за условите и начинот со кои треба да се спроведе далноводот, решавање на имотно правните односи и придобивките кои би ги имале жителите на Општина Новаци од оваа голема инвестиција од приватниот сектор – рече Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.
Ова е еден од чекорите кон кои Општина Новаци како локална самоуправа ќе биде
насочена, со цел нејзината територија да биде ставена во стратегијата за развој на енергетиката која ја изработува МАНУ, како и да биде обележана како точка на мапата во која постојат услови за инвестирање во капацитети за производство на електрична енергија од обновливи извори. М.М.