Фото: М.М.

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски денеска излезе со соопштение во јавноста дека иако од страна на Владата им беше ветувана поддршка за целосна изградба на прифатилишта низ државата, општина Битола за овој проект е
одбиена од централната власт и според известувањето од Владата нема да добие ни еден денар.

-Како локална самоуправа, која навистина се грижи за безбедноста на своите
граѓани, продолжуваме со работа на терен, потполно заборавени, а овојпат и на наше
барање отфрлени од централната власт. Неодамна, слушајќи ги насоките на премиерот
Ковачевски, поднесовме комплетна проектна документација за поддршка во реализацијата на целиот проект за изградба на прифатилиште во вредност од 46.586.092 денари, со цел заедничко и брзо делување во решавањето на овој горлив проблем за Битола. На ова, добивме одговор дека, Владата не планира средства за општина Битола за оваа намена – изјави градоначалникот Тони Коњановски.

Соред Коњановски и покрај ваквата одлука на Владата, Општина Битола продолжува со работа и на оваа проблематика.

-Изградбата на настрешници во функција на објект за ветеринарна заштита ќе биде завршена во предвидениот рок со општински средства во износ од 4.132.399 денари, за да може веднаш по завршувањето на законските процедури, да се започне со соодветен третман на бездомните животни и нивно отстранување од битолските улици – уверува Тони Коњановски.

Инаку иако општина Битола во својот буџет има испланирано средства во износ од
46.586.092 ден, за изградба на прифатилиптето, сепак испрати барање до Владата до добие во толкав износ помош од Владата за изградба прифатилиштето што беше повод за кавга во неформаланата локална коалиција на последната седница на Советот. М.М.