Фото: Зоран Антоски

Здружението на родители на деца со попреченост „Надеж“ од Кичево, за Светскиот ден на лица со посебни потреби 3 декември, организира хуманитарен настан на кој ќе земат учество учениците од ОУ„ Христо Узунов“,играорците од КУД „Бисер“ а ќе се вклучат и волонтерите од Црвениот крст Кичево.

– Програмата ќе биде збогатена и со креативно-едукативна претстава за деца и возрасни со наслов „Еко стандарди и стереотипи со Пипи“ која ќе ја изведат учениците од ЦОУ„ Христо Узунов“ село Другово под менторство на наставничката Ивана Витанска. Овој театарски проект ги содржи насловите „Пипи оди на училиште“ и „Пипи ја посетуваат крадци“. Костимите што ќе ги носат учениците актери се изработени од еколошки материјали – истакна Ѓоко Митрески, претседател на здружението „Надеж“ и потсети дека во изминативе денови припадниците на ова здружение и волонтерите од Црвениот крст Кичево организираа работилница на која изработуваа разни форми од хартија.

Сите учесници на овој хуманитарен настан, од страна на здружението ќе добијат благодарници – посочи претседателот Митрески.

З.А