Фото: З.А.

Изминатите три дена во рамките на спортско-риболовната лига дисциплина крап, на Осломејско Езеро се одржа натпреварот Куп 8-ми Септември. Во период од 72 часа риболовците од девет екипи од земјава остварија вкупен улов од 631,14 килограми, со вкупен број од 260 уловени примероци на крап.

– Во изминатите три дена на Осломејско езеро во рамките на спортско-риболовната лига во дисциплината крап организиравме Куп 8-ми Септември. Во интересен и крајно изедначен натпревар екипата на Крап-В.Манџа Мед – Виница со вкупен улов од 120,2 килограми го освои првото место, второто место и припадна на екипата „Бабуна Велес“, која оствари вкупен улов од 116,13 килограми со 51 примерок на уловен крап. Третото место го освои екипата на „Алфа Дого“од Скопје со вкупен улов од 90,95 килограми или со вкупно уловени 39 примероци на крап. За првите три екипи беа предвидени награди од 16.000 за најдобриот, 10.000 за второпласираниот и 6.000 за третопласираниот на овој куп. Најкрупниот примерок на крап го улови риболовец од екипата од Виница со вкупна тежина од 12,89 килограми, кој затоа доби награда од 3.000 денари – истакна Бесмир Елези претседател на СРД „Хантер Фиш“ од Кичево.

Убавото време и близината на езерото овозможија на овие натпревари да присуствуваат и голем број љубители на овој рекреативен спорт. З.А.

Фото: З.А.