фото: Ка.М.

Прилепската болница „Борка Талески“ со два нови софистицирани апарати ќе ги подобрува услугите за граѓаните. Со сопствени средства набавен е нов дигитален рентген апарат, еден од најсовремените во државата, за изработка на снимки во висока резолуција, за кои досега пациентите одеа во приватните болчници. Вториот апарат е донација, со која е оформен кабинет за видео ЕЕГ, кој е прв, надвор од Клиника за педијатрија во Македонија, за деца до 14 години со невролошки заболувања.
– Големо олеснување за нашата болница ќе бидат апаратите, и ќе одиме во чекор со клиниките во Скопје. Рентген апаратот е за панорама на цело тело, со што ќе се избегне одење на прегледи во приватни болници. На одделението имаме четворица рентгенолози, а недостатокот ќе го покриваме со кадри од други болници. За видео ЕЕГ апаратот имаме стручен кадар. На некои одделенија имаме и апарати и кадар, на некои ќе се надополнува, особено кадар. Многу брзо ќе се решава и проблемот на интерното одделение за прегледи со доплер, за дијабетичари. Сегмен по сегмент ќе ги средуваме проблемите што се појавуваат – вели лекарот специјалист ортопед Кире Јоноски, директор на прилепската болница.

фото: Ка.М.

Денеска во рентгенолошкото одделение во прилепската болница беше направена последната аналогна снимка и тоа на директорот на ФЗО Сашо Клековски.
Според началникот на рентгенолошкото одделение специјалист рентгенолог Оливер Димитриески, се работи за дигитален рентген апарат, последна компонентна во системот граден последните години.
– Практично влеговме во дигитална ера и го оставивме стариот аналоген систем на снимање. Понатаму се што ќе се работи ќе биде во дигитална форма. Апаратот го набавивме со сопствени средства и е највисоката и најскапа набавка и чини преку 140.000 евра. Во просек годишно поминуваат околу 30.000 пациенти со најразлична симптологија. Кадровскиот проблем е болка. Досега бевме двајца лекари, сега дојдоа уште двајца лекари, кои треба да го поминат процесот на прилагодување. Одделот по закон треба да работи со шест лекари. Ќе користиме услуги од други институции по потреба. Човечкиот капатил е многу значаен – рече Димитриески.
Со кабинетот за видео ЕЕГ, во рамките на детското одделение, опремен со совремна технологија, донација од приватна фирма, дијагностиката ја доближуваме до домот на граѓаните – вели доктор Габриела Тавчисока, лекар-супспецијалист детски невролог.
– Со овој кабинет нашето одделение ќе биде лидер во невропедијатријата во регионот. Ние покажуваме со визија и посветеност дека можат да се обезбедат и средства и услуги кои ги заслужуваат најмладите. Методата за видео ЕЕГ е стандард во современата детска неврологија и ни овозможува во исто време регистирање на мозочната активност и видеозапис од однесувањето и движењето на детето. Како метода не е нова во нашата болница, од пред 10 години ја изведуваме, но во несоодветни услови и со стари апарати. Сега стандаррдите се на високо ниво – додава Тавчиоска.
Според Сашо Клекоски, директор на ФЗО на Македонија, прилепската болница која порано беше најголем должник, сега е консолидирана и се набавуваат нови апарати.
– Во моментот болницата работи со сопствен буџет и набавува нова опрема. Има и донација од фирми од Прилеп. Тоа е базен сегмент за градењето општествена одговорност. Сега со новите апарати ќе имаат подобри услуги граѓаните не само во Прилеп, туку и и во поширокиот регион. Комплетно е заокружена радиодијагностиката со дигитални апарати – рече Клековски, најавувајќи дека до крајот на годината ќе има и нови новини во прилепската болница, и дека во другите болници процесите ќе се дигитализираат.

Ка.М.