На „Копанки“ и ски-центарот „Нижеполе“ денеска официјално почна скијачката сезона. На „Копанки“ беше пуштена во употреба жичницата како и видиковецеот кој го изгради хотелот „Молика“ со помош на ЕСМ. Снег има доволно, а подготвени се и ски-патеките.

На задоволство на љубителите на скијањето денеска почна и ноќното скијање на ски-центарот „Нижеполе“.

-Терените се подготвени, двата ски-лифта се во функција. На време беа направени
технички прегледи и добиени дозволи за нивна работа. Сменети беа двете влечни јажиња. Денес започнуваме со денско и ноќно промотивно скијање, а ќе има и други вечерни скијања за што постои интерес кај посетителите – изјави директорот на ЈП „Стрежево“ Менде Граматковски. М.М.