Фото: Принт-скрин

Битолчани можат да здивнат. Започнуваат градежните активности за санација и рехабилитација на патот од Битола до граничниот премин Меџитлија. Овој многу значаен пат кој го користат битолчани, жителите на околните градови во Пелагонија, на пограничните македонски села и посетителите од Грција, во следните неколку месеци ќе добие сосема нов лик.

Во должина од 15 километри ќе биде поставен нов коловоз, за првпат откако патот е изграден.

Современата патна инфраструктура ќе отвори нови можности за Кравари, за развој
на туризмот, на угостителски и сместувачки капацитети кои позитивно ќе влијаат на
локалната економија, изјави првиот човек на СДСМ Битола, Драган Крајовски.

Изминатите две години Владата предводена од СДСМ инвестираше во битолскиот регион во реконструкција на патот кон Ниже Поле и ски центарот Стрежево, како и патот до Магарево. Сега се работи на патот до грчка граница. М.М.


Кирил Лазаров пушти во употреба реконструирано ракометно игралиште во Битола

Во ОУ училиште „Коле Канински“ во Битола пуштено е во употреба реконструираното ракометно игралиште, за чија реконструкција Видеолотарија обезбеди донација во
вредност од 3.284.819 денари (53.000 евра). Игралиштето во употреба го пушти ракометната легенда Кирил Лазаров, кој е амбасадор на државната
видеолотарија.

– Чест ми е и задоволство што имаме прилика заеднички како бренд ,амбасадор на државната видеолотарија на Македонија да донираме и да го одбереме токму градот Битола. Мислам дека Битола е спортски град, пред сѐ ракометен град и тоа го заслужува. Се надевам дека со оваа донација, со оваа инвестиција и понатаму ќе
предизвикаме уште поголем интерес и Битола ќе има уште поквалитетен спорт и поквалитетен ракомет што ѝ го посакувам од срце затоа што тоа го заслужува – изјави Лазаров, кој е бренд амбасадор на брендот „Видеолотарија Австрија“.

Директорот Зоран Мирчевски овој спортски ресурс ќе служи како мотивација плус и за наставниците, и за учениците во училиштето „Коле Канински“ за да ја реализираат подобро наставата по физичко и здравствено образование.

– Се надевам дека овој спротски ресурс што ќе се користи во понатамошниот период ќе придонесе како мотивација плус за подобро реализирање на наставата по физичко и здравствено образование, а воедно ќе постигнуваат и поголеми успеси – изјави директорот Мирчевски.

На свеченоста присуствуваше и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.

– Создавањето услови за развој на спортот и подобрувањето на спортската инфраструктура во општината се меѓу главните фактори кои треба да бидат поттик и можност за учениците да го развиваат својот спортски и натпреварувачки дух, истовремено јакнејќи ја дисциплината и одговорноста, да се изградат како здрави личности – изјави Коњановски. М.М.