Фото: З.А

Со пригодна свеченост на која беа присутни амбасадорот на Јапонија во Република Македонија, Хиронори Савада, градоначалникот на општина Македонски Брод, Жарко Ристески, директорот на Здравствениот дом од Македонски Брод, Жарко Симески, програмската директорка на невладината организација „ХЕРА“, Елизабета Божиноска и Д-р.Кети Ставриќ од Центарот за семејна медицина, во Здравствениот дом во Македонски Брод беше отворена нова гинеколошка ординација.

-Со денешното отворање на гинеколошката ординација во Македонски Брод се означи и почетокот со работа на уште три новотворени гинеколошки ординации во Здравтсвените домови во градовите Ресен, Радовиш и Делчево со што на жените и девојките во репродуктивниот период од овие региони, ќе им се овозможи пристап до бесплатни услуги за сексуално и репродуктивно здравје – истакнаа од Асоцијацијата за здраствена едукација и истражување, „ХЕРА“.

Фото: З.А

Опремувањето на четирите гинеколошки ординации е во рамките на проектот „Семејните лекари партнери во проширувањето на пристапот и изборот на контацепција и услуги за сексуално и репродуктивно здравје“, што „ХЕРА“ го спроведува во соработка со Центарот за семејна медицина при Медицинскиот факултет Скопје и со финансиска подршка на Јапонската влада.

Од „ХЕРА“ посочија дека со новите ординации во овие редиони се унапредува сексуалното и репродуктивното здравје на над 20.600 жени и девојки на возраст од 15 до 49 години, кои според претходно направеното мапирање, досега имале пристап само до четири матични гинеколози.

З.А