Медицински совет

Кога здравјето е сѐ полошо, тоа не се случува одеднаш и без предупредување, како што се мисли. Нашето тело обично испраќа знаци дека постои проблем и оти треба да обрнеме внимание на тоа.
Имено, телото не испраќа пораки само за физичкото туку и за менталното здравје. Умот и телото се поврзани така што тоа што влијае на мозокот има влијание и на телесната состојба. Кога ќе доживееме сериозен акутен стрес, телото може да го открие преку симптомите што се јавуваат, како последица на ослободување на норепинефрин (невротрансмитер), што предизвикува нервоза, висок крвен притисок, мачнина и краток здив. Со текот на времето, ако е стресот хроничен, честото ослободување на хормонот кортизол доведува до исцрпување на телото, а лицето може да има необјасниви тегоби во различни делови на телото, во стомакот, па дури и главоболки.
И промените на кожата, како исфрлање, промена на бојата или израстоци, секогаш треба да се сфатат сериозно. Дермалните реакции може да значат од алергиска реакција до сериозни болести и внатрешни инфекции.Често промените на кожата се прв знак на дијабетес, лупус и проблеми со црниот дроб. Чест глад и потреба за храна може да значи дека на телото му треба повеќе сон. А хроничниот замор може да биде симптом на повеќе здравствени проблеми, како нарушување на работата на штитната жлезда, болести на срцето или дијабетес.