На последната седница, Советот на Општината Битола донесе одлука за помош на Украина и нејзините граѓани да издвои парична помош од 500.000 денари.
Воедно советниците на Советот на Битола, донесоа заклучок за помош на укранскиот народ да се отвори пункт на кој граѓаните на Битола ќе собираат помош во најпотребни артикли и стоки во знак на поддршка на Украина која се соочува со ограмна хуманитарна катастофа.
М.М.