Во НУ Завод и музеј Битола на посебна свеченост се одбележа 123 годишнината од дипломирањето на основоположникот на Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк во битолската воена гимназија.
На свеченоста присуствуваа видни гости од Турција и градоначаникот на Битола, Тони Коњановски.
Инаку Мустафа Кемал Ататурк е роден во Солун во 1881 година.
Во неговите рани години Мустафа Кемал Ататурк посетувал верско училиште, но тоа траело краток период. Подоцна, Мустафа Кемал Ататурк се запишал во приватното секуларно училиште „Шемси Ефенди“ по совет на неговиот татко.
Неговите родители сакале Ататурк да се запише во трговско училиште, но Кемал без нивно прашање се запишал во основно воено училиште во Солун во 1893 година.
Мутафа Кемал Ататурк во 1896 година се запишал во средното воено училиште во Битола.
М.М.
.