Фото: М.М

Големиот број на битолчани се збогуваа со старата и ја дочекаа Новата 2023 година во домашна атмосфера, а помал дел, најлудата ноќ ја дочекаа во битолските локали и ресторани.

Во организација на Општината Битола, централната манифестација за дочек на Новата 2023 година се одвиваше пред Офицерскиот дом, каде присутните ги забавуваа групата Љубојна и Исмаил Лумановски.

Според информациите од СВР Битола и директорот на Клиничката болница, Александар Обедниковски, новогодишната ноќ во Битола, помина во весела и мирна атмсфера и без некои посебни нарушувања најавниот ред и мир.
M.M