Фото: З.А.

Убавото време без врнежи од дожд или снег, работниците на ЈКП „Комуналец“ Кичево го користат за поставување на хоризонтална сигнализација на улиците кои есенинава се реконструирани или пак добиле нов слој на асфалт, по што се избришале претходно поставените пешачки премини и испрекинати линии.

– Иако влеговме во зимскиот период од годината , сепак времето дозволува наши екипи без прекин да вршат поставување на хоризонтална сигнализација на реконструирани улици и улици на кои е поставен нов слој на асфалт.И покрај маглата која не дозволува побрзо сушење на боите нанесени на подлогата , сепак нашите екипи се трпеливи и секојдневно напредуваат со овој зафат – вели Зенел Јонузи и ја потенцира полезноста од поставената сигнализација за пешаците.

– Најважно е што хоризонтална сигнализација се поставува во делови од градот каде што фреквенцијата на автомобили е исклучително голема а пешачките премини и линиите на движење се преку потребни, за да може минувачите да се движат безбедно, што во изминатиот период и не беше случај ,бидејќи без оваа сигнализација тие не добиваа предност при минување на улиците, поготово на места каде што има кружни текови или во средиштето на градот – додаде Јонузи и најави дека обележувањето ќе продолжи и по Нова година, ако тоа го дозволат временските услови,нема врнежи од дожд или снег или многу ниски надворешни температури. З.А.