Фото: З.А.

Компанија специјализирана за хортикултурно уредување од Тетово, деновиве врши засадување на повеќегодишни декоративни садници на новоизградените кружни текови во Кичево. Оваа компанија веќе е етаблирана во овој град, бидејќи ги аранжира и кружните текови на „Булеварот Ослободување“ и Магистарлниот пат. Бидејќи времето е погодно се очекува до крајот на оваа седмица ова уредување целосно да заврши.

– На трите новоизградени кружни текови на улицата „Борис Кидрич“ во Кичево, тетовска компанија деновиве врши хортикултурно уредување. Во најголем дел новите садници се зимзелени, а се однесува на Јуниперуси и Туи, со кој вид садници ќе бидат уредени трите кружни текови на оваа улица. Претходно на овие кружни текови беше нанесен нов слој на квалитетна земја, по што беа обезбедени сите услови истите да можат хортикултурно да се уредат. Бидејќи овие кружни текови не се поврзани со системот капка по капка, на истите наводнувањето ќе го врши комуналното претпријатие со цистерна. За наредното лето овие кружни текови со новозасадените растенија и посеаната трева, ќе ја разубават оваа улица, а Кичево ќе го вбројат во градовите со најголем број кружни текови во земјата – истакна Зенел Јонузи од ЈКП „Комуналец“. З.А.