Фото: З.А.

Како што беше и најавено драмските аматери од Кичево на почетокот од октомври ќе ја почнат подготовката на драмската претстава „Грев или шприцер“ од Сашко Насев, која финансиски ја поддржа Министерството за култура на Македонија со 50.000 денари, потврди актерот и режисер Михајло Петрески.

– На почетокот на октомври ќе ги започнеме подготовките на драмската претстава „Грев или шприцер“ од Сашко Насев, која по месец и половина до два ќе биде подготвена за премиерно изведување. Актерската екипа ќе ја сочинуваат околу 15 претежно млади лица од кои дел веќе имаат учевствувано и во други драмски претстави. Планираме да одржиме од 30-40 проби што е доволен број за драмски аматери да подготват една театарска претстава – истакна Петрески.

Тој наведе дека најпрво од Министерството за култура на Македонија била најавена финансиска подршка од 100.000 денари, но поради актуелните состојби и економската криза финансиската поддршка е преполовена и изнесува 50.000 денари.

По истите стапки ќе тргнат и драмските аматери на албански јазик, кои до крајот на оваа календарска година треба да подготват драмска претстава, која исто така, финансиски е поддржана од Министерството за култура со 50.000 денари. З.А.