Битолските комунални претпријатиjа „Нискоградба“ ЈКП „Комуналец“ и ЈКП „Водовод“,  ги започнаа теренските активности за изградба на новиот Градски парк во населбата Довлеџик во Битола.

Градежната оператива на трите јавни претпријатиа почна со подготовки на теренот и расчистување на просторот, информираат од „Нискоградба“.

Изградбата на новиот градски парк на излезот на Битола, на патот за Охрид беше најавена пред неколку месеци и за неговата изградба беа издвоени средства од буџетот. Но, поради разни околности неговата изградба доцнеше.

Активностите се забрзаа откако деновиве преку јавно соопштение советничката листа на Поинаку се закани дека тие ќе поднесат иницијатива за смена на актуелниот директор, Зоран Талевски, кој е кадар на ВМРО ДПМНЕ, до градоначалникот на Битола Тони Коњановски, доколку во најскоро време не почне изградбата на паркот. М.М.