Изградбата на нов граничен премин помеѓу Бугарија и Mакедонија и стимулирањето на малите и средни претпријатија во пограничните општини ќе биде главниот приоритет на идната прекугранична програма што ќе ја спроведат двете држави со финансирање од ЕУ.

Ова се главните приоритети и цели, кои беа поставени на првиот состанок на Заедничката работна група за развој на програмата за прекугранична соработка INTERREG меѓу двете земји за периодот 2021 – 2027 година, што се одржа во бугарското Министерството за регионален развој и јавни работи, каде претседател беше бугарската заменик министерката Деница Николова, заедно со Димитар Ванчов од Министерството за локална самоуправа.

– Изградбата и развојот на транспортната поврзаност меѓу двете земји е главен приоритет, што ќе ги подобри социо-економските карактеристики на пограничните области во најголем степен, а со тоа ќе придонесеме и за развој на приоритетите на ЕК во развојот на регионите – рече Николова.

Финансирањето во рамките на програмата предвидува или изградба на граничен премин Клепало кај Струмјани или продолжување на граничниот премин Логодаж меѓу Станке Лисичково и Делчево. Која мерка ќе биде поддржана ќе биде јасна од социо-економската анализа која е во тек, а треба да биде готова до крајот на годината, додека пак следната година финансиската рамка за проектот треба да ја изгласа Европскиот парламент.

Работната група, воведува некои иновации во рамките на програмата, пред се да се намалат административните формалности, како што се намалување на контролните нивоа, роковите за одобрување на проектот, контролите за спроведување на проектот и друго. Исто така се формира посебен мал проект за поддршка на претприемачите за обука, подобрување на производствениот капацитет и друго, соопшти Министерство за локална самоуправа.