По поплавите што се случија во рудниците за јаглен во РЕК „Битола“, за да се надомести дел од електричната енергија од домашни извори, од ноќеска во погон ќе биде ставена и ТЕЦ „Осломеј“. За оваа потреба на депонија се обезбедени над 20.000 тони јаглен, кој ќе биде доволен електраната да работи во наредните седум дена, ако се има во предвид дневната потрошувачка од над 3.000 тони јаглен.

– Овие залихи на јаглен ги обезбедивме од сопствениот површински коп од местата каде што целосно не беше искористен јагленот во неговата преходна експлоатација. Електаната ќе работи со капацитет од околу 80 мегавати. Се надеваме дека на овој начин барем донекаде ќе го помогнеме електроенергетскиот систем со струја од домашно производство – информираа од ТЕЦ„ Осломеј“, каде се вршат последните подотовки за рестарт .

Инаку, елекраната пролетинава беше во погон повеќе од месец и половина со јаглен обезбеден од сопствениот јагленокоп.

За непречено работење на електраната од ЈПВ „Студенчица“ обезбедени се 170 литри вода во секунда, што е далеку од количествата што се испорачуваат кога електраната не е во погон. З.А.