Библиотекарката на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, Марија Малгожата Мачковска, ја доби престижната награда „Рицарски крст – Орден за заслуги на Република Полска“ од претседателот на Полска Анджеј Дуда.

– Секогаш ме исполнува со гордост кога слушам дека моите сонародници придонесуваат за градење на просперитетот на другите земји, за нивниот развој – рече
претседателот на Полска Анджеј Дуда.

Марија Малгожата Мачковска е претседател на огранокот на Друштво за македонско – полско пријателство и соработка „Висла“. Таа е креатор, организиратор на традиционалниот концерт „Шопенова вечер“ кој се одржува веќе 28 години во општина Битола со соработка со Државно музичко училиште – Битола и амбасадата на Полска во Скопје, организатор на разни културни манифестации, иницијатор на соработка на културна соработка помеѓу двете држави.

Инаку, оваа престижна награда „Рицарски крст“ се доделува уште од 1923 година на лица кои и дале заслуга на државата или на граѓаните со извршување на дела што го
надминуваат опсегот на нивните вообичаени должности, кои носат значителна корист за државата или граѓаните, јавна посветеност и добротворни цели. М.М.