Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози, соопшти АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од вчера почнаа градежни активности за поставување на канделабри односно електрично осветлување на магистрален пат А1 патен правец Велес-Неготино, клучка Велес-Југ. Активностите ќе траат 30 дена, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15.11.2019 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата. Оваа обврска ќе трае до 15 март.