ДОЈРАН

Редовните испитувања на водата од Дојранско Езеро покажаа дека таа е во одлична состојба и е безбедна за капење и рекреација на луѓето.
Според последните извештаи од тестирањата на здравствената безбедност на водата од Дојранско Езеро, на примероци земени од Градската плажа, плажата кај хотелот „Полин“ и плажата Гранико, е докажано дека водата кај трите споменати плажи е во одлична состојба и може да се користи за капење и рекреација на луѓето – информираат од Општината.