Во рамките на програмата „Зајакнување на општински совети“, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка и УНДП, се одржа четвртата форумска сесија во салата на Советот на Општина Битола. Тема на форумите е социјална инклузија во чии рамки е обезбеден грант во износ од 50.000 швајцарски франци, за граѓански проекти произлезени од сесиите.

Предлозите за проектите се дадени непосредно од граѓаните на досега на трите форумски сесии, а со гласање граѓаните одлучија да се реализираат проектите „Урбана мобилност – возила прилагодени за лица со попречености“ и „Инклузивни училници и игралишта во училишта и градинки“.

Програмата „Зајакнување на општински совети“ е финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка и УНДП, а преку оваа програма се реализираа повеќе активности напоредно, односно обуки за членовите на Советот на Општина Битола, целосно аудио и видео опремување на Салата на Советот, со која форумите и седниците на Советот се пренесуват во живо и една од најбитните активностите во која директно учествуваат граѓаните се Форумите во заедницата. Како форма на одлучување, форумите станаа дел од Статутот на општината.

M.M.