Јавното претпријатие „Комуналец“ од Кичево, со апел до корисниците на водата од градскиот водовод, да бидат повнимателни и да покажат солидарност и рационалност во користењето на водата за пиење, кога температурите во земјава се многу високи, а потрошувачката на вода значително зголемена.

Од тие причини комуналното претпријатие ги известува граѓаните да се воздржат од полевање на бавчи и земјоделски површини со вода од градскиот водовод. Исто така да престанат со перење на возилата и други предмети од домаќинството, како и со полнење на бунари и базени за рекреативни цели.

– Бидејќи надворешните температури во изминатите десетина дена се многу високи, потрошувачката на вода во градот е драстично зголемена, и за да не дојде до водена криза, ние како Комунално претпријатие апелираме до корисниците за рационално трошење на водата. Граѓаните кои нема да се придржуваат кон овие одредби, ќе бидат исклучени од водоводната мрежа, согласно член 33 од Законот за водоснабдување, со цел да им се овозможи на корисниците редовно да бидат снабдени со вода за пиење. Очекуваме од граѓаните искрена соработка и да покажат поголема хуманост кон сите водокорисници – порачаа од Комуналното претпријатие. З.А.