Од синоќа Голак е под нова снежна покривка. Температури околу нулата кои синоќа беа измерени во Делчевско придонесоа делчевската планинска убавица повторно да биде покриена под снег што предизвика восхит кај најмалите и кај посетителите кои денеска решија да се искачат на Голак.
 
-Времето е идеално, сончево, а снежната покривка која синоќа повторно го прекри Голак придонесе денеска да имаме вистинска зимска идила. Со семејството и пријателите се искачивме најмногу заради чистиот воздух, но и за заеднилка друѓба со наши пријатели со кои редовно го посетуваме Голак во зимскиот период, вели Златко, посетител од Делчево.
 
Додава дека она што најмногу му фали во моментот е објект кој ќе биде на располагање на гостите кои ќе сакаат овде да поминат дел од своето време.
 
Засега единственото место кое може да им пружи услуга на гостите и туристите кои доаѓаат на Голак е малата Вила Гранит која исклучиво работи единствено во сабота и недела.
 
Поради нејзиниот мал капацитет објектот секогап е преполн за викенди но сопствениците се уште не размислуваат од следната сезона да работата секојдневно. Детското одморалиште кое од пред 10-15 години се наоѓа во лоша состојба се уште го бара својот потенцијален инвеститор кој повторно би го вратил сјајот кој Голак го имаше некогаш.