Ограбена црквата во село Белица, Кичевско. И покрај видео надзорот кој го поседува црквата „Свети Ѓоргија“ во село Белица, сепак во текот на вчерашниот ден била ограбена од едно, засега, непознато лице. Тој ги зел парите кои за Духовден ги оставиле во црквата локалните жители и нивните гости.
Снимениот материјал од камерите секако ќе помогне во идентификација на крадецот и расветлување на овој случај. Инаку и претходната седмица цел на кратци беа повеќе цркви во неколку села во Демирхисарско, а тој тренд во земјава е присутен во последните деценија-две.
Црковниот одбор од село Белица апелира до граѓаните и верниците, кои ќе го видат снимениот материјал и можеби го препознаат непознатиот крадец, да се јават за целосно да се раветли овој случај.