Фото/Илустрација: Пиксабеј

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 954 тестирања, а регистрирани се 222 случаи на ковид-19, од кои 41 се реинфекција. Оздравени се 268 пациенти, пријавени се  две починати лица. Дополнително преку Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин пријавени се шест починати лица, информира Министерството за здравство.

Од оздравените пациенти, 113 се од Скопје, Битола – 32, Гевгелија – 19, Кавадарци – 17, Куманово – 16, Прилеп – 14, Берово – 7, Велес, Штип и Кочани – по 6, Охрид и Делчево – по 4, Струмица, Ресен и Демир Хисар – по 3, Тетово, Кичево, Радовиш, Крива Паланка, Богданци и Пехчево – по 2, Струга, Кратово и Дојран – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа се пријавени две починати лица од Скопје (79г) и Кичево (83г). Двете лица се починати во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин регистрирани се шест починати лица, две лица од Битола и по едно лице од Кочани, Крива Паланка, Скопје и Радовиш. Починатите се на возраст од 66 – 83 години. Од починатите лица три се починати во болнички услови и три во домашни услови. Лицата се починати во период од 11 август до 28 август 2022 година.
Досега во земјата се направени вкупно 2.151.148 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 340.341, бројот на оздравени пациенти е 329.192, на починати е 9.489, а бројот на активни случаи изнесува 1.660.