Фото: Маја Јаневска-Илиева

По повеќе од десет дена застој, од вчера попладне во 14.30 часот повторно сообраќа единствениот воз на релација Скопје – Битола преку Велес и Прилеп и обратно.

Возот, кој, како што велат од ЈП „Македонски железници“, не сообраќаше поради расипана локомотива, утрово во 5.46 часот, од Битола пристигна на Железничката станица во Велес на радост на голем број патници и тргна повторно на релацијата за Скопје.

Попладнево во 14.30 часот, возот тргна од Железничката станица во Скопје, а во 15.20 минути од Велес ќе продолжи кон Прилеп и Битола, информираат од Железничката станица во Велес.

Патниците од Велес, Прилеп, Битола, Скопје и попатните станици бараат од МЖ повторно да се вратат и другите два воза, кои сообраќаа на оваа релација Скопје-Битола и обратно, а кои беа укинати пред околу два месеци.