Регионалниот Центар за управување со кризи Штип информира дека пожарот кој избувна вчера помеѓу штипскиот затвор и селото Драгоево и ноќеска беше локализиран и ставен под контрола, во 8.30 часот повторно се активираше. Пожарот се шири кон селото.
Интервенира Територијалната противпожарна единица Штип, а на местото има и полиција.