Фото: Принтскрин/Јутуб

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, остро реагираше на однесувањето на вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, на собраниската седница за пратенички прашања. Таа кажа дека ѝ е срам за неговите постапки, тврдејќи дека од седиште ѝ праќал бакнежи.

– Вие молчете вицепремиер за европски прашања, затоа што сте најјак од седиште. Да излезете на микрофон и да го зборувате тоа што го зборувате позади микрофон. Како не ви е срам. Нека ве снимаат камери. Ужас сте. Нека ве сликаат како праќате бакнежи. Лигав еден. Како не ви е срам. Бакнежи и намигнувања, само дома вицепремиеру – истакна Стојаноска.

До потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, таа упати забелешка дека не смее да „дозволи партиски митинзи“ за време на пленарна седница за пратенички прашања.

Откако воспостави ред на седницата, Мисовски објасни дека нема обврска на претставниците на Владата да им го конципира одговорот.