Фото: Архива

Делегација на Совет на Амбасадори во состав Мухамед Халили, претседател, Нано Ружин и Азис Положани, членови на Извршен Одбор, вчера во Тирана беше примена од претседателот на Советот на албанските амбасадори Бесник Мустафај и раководниот борд на Советот.

На средбата била дискутирана и усвоена рамката на идната соработка меѓу двата совета, како и воспоставување на соработката со други слични невладини организации во Европа и пошироко.

– Како почеток на соработката ќе бидат заедничките активности околу реализацијата на посетата на регионот на делегација на Совет на Американските амбасадори која ќе се реализира во април идната година – соопштија денеска од Извршниот одбор на Советот на Амбасадори.

На средбата бил потпишан и Меморандум за соработка меѓу двата Совета за заеднички активности и проекти од регионални прашања, ЕУ интеграции, сигурност, безбедност, демократизација и човекови прашања.

– Заедничките активности ќе ги рефлектираат принципите на добрите меѓусоседски односи, европските вредности на слобода, демократија, владеење на правото,човековите права и еднаквите можности. Двата Совета ќе органинираат заеднички проекти и конференции договорени во духот на добрата волја изразена во Меморандумот, се наведува во соопштението од Советот на Амбасадори.